Главниот штаб за управување со кризи одржа седница

Сподели со своите пријатели

Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК денеска ја одржа седмата седница. Разгледани и надоградени беа преземените мерки, како и досегашните активности на институциите согласно Акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на КОВИД, заштитата на здравјето и животот на населението и рационалното и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.

Loading...

Со Штабот раководеше в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, а на седницата учествуваа претставници на субјекти од Системот за управување со кризи, назначени согласно Законот за управување со кризи, како и дел од стручните лица од ЦУК.

-Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор, стои во објавата на официјалната фејсбук страница на ЦУК.

Мирјана Чакарова

Leave a Reply