„Гладно дрво”, една од најпопуларните атракции во Ирска

Сподели со своите пријатели

Една од туристичките атракции кои треба да се посетат во Даблин секако е таканареченото „Гладно дрво“.

Се проценува дека дрвото е старо околу 80 години, а пораснало така што изгледа како да јаде клупа.

Пораснало на висина од 21 метар, а широко е три и пол метри.

Чинарот е засаден покрај метална клупа. Како што минуваа годините, дрвото растело, поради што „голтало“ делови од клупата што му стоела на патот.

Неговата кора сега се прелева на задниот дел од клупата, правејќи го да изгледа како седиштето да е сместено во стебло од дрво.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Atlas Obscura (@atlasobscura)

 

Сепак, тоа не е првото дрво кое јаде сè што ќе му се најде на патот. Други дрвја ширум светот го направиле  истото кога ќе се соочат со пречка што го попречува нивниот раст.

Шкотското “дрво велосипед”, кое потекнува од 19 век, присвоило неколку предмети. Покрај велосипедот по кој го добил името, живее во „симбиоза“ со метален синџир и бродско сидро.

Се наоѓа во Лох Ломонд и Националниот парк Тросах и е заштитена туристичка атракција. Се верува дека велосипедското дрво никнало во близина на местото на ковачкиот отпад.

По смртта на ковачот во 1923 година, ковачката продавница се затворила и земјата била напуштена, што овозможило непречено растење на дрвото. Покрај десетина метални предмети кои биле закачени на гранките, дрвото го „изеде“ и велосипедот кој бил втиснат во неговата кора. Металот со кој живее воопшто не му пречи на дрвото и сепак служи како модел за љубопитните туристи.