Гинисов рекорд: Индијците за 12 часа засадија рекордни 67 милиони стебла

Сподели со своите пријатели

Жителите на централноиндиската држава Мадхја Прадеш за 12 часа успеаја да засадат скоро 67 милиони садници со стебла од дрвца, со што поставија нов рекорд во пошумување во Гинисовата книга на рекорди.

Пошумувањето во Мадхја Прадеш започна вчера утрото во раните часови, а успеа да собере околу 1,5 милиони жители од сите општествени слоеви. Меѓу присутните кои со насмевка садеа разни видови на дрвца од расадниците од сите страни на државата, беа студентите и домаќинките. На настанот присуствуваа и бројни официјални лица од Индија. Покрај брегот на реката Нармада засадени се 66.750.000 нови стебла.

Loading...

Главниот државен министер Шиврај Синг Чоухан изјави дека е благодарен на сите кои се приклучија во пошумувањето.

Значително ќе придонесеме за зачувување на природата. Со засадување на нови дрвца луѓето придонесуваат за промена на климата и спасување на животната средина. Светот разговара за глобалното затоплување и климатските промени, но државата Мадхја Прадеш направи исчекор во решавање на тој проблем – нагласи ресорниот министер.

Индиската држава Утар Прадеш претходно го држеше рекордот во пошумување кога нејзините жители во јули минатата година за 24 часа засадија 50 милиони стебла.