ГФК Куманово впиша прва победа на домашен терен

Сподели со своите пријатели

Градскиот фудбалски клуб Куманово викендов впиша прва победа на домашен терен сезонава, откако со резултат 3:0 го совлада тимот на ФК Петровец.

Loading...

За кумановци ова беше прва победа на домашен терен, но втора од почетокот на Третата фудбалска лига.

Во првото полувреме тимот постигна два гола, а уште еден во вториот дел од средбата при што впиша нови три бода во табелата.

Головите ги постигнаа Буљар Иљази, Петре Тасевски и Гоце Насковски.

Следниот натпревар ГФК Куманово го игра на гостински терен против екипата на ФК Аеродром.

Никола Ивановски