ГФК Куманово утре го пречекува ФК Беса Влазрими

Сподели со своите пријатели

Фудбалерите на Градскиот фудбалски клуб Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на ФК Беса Влазрими.

Loading...

Кумановци засега се лидери во табелата во Трета лига Север, а утрешната евентуална победа само ќе го зацврсти лидерското место.

До крајот на првиот дел од сезоната остануваат уште три натпревари, а од клубот изразија надеж дека ке го задржат првото место на табелата дотогаш.

Утрешниот меч се игра на стадионот во Доброшане со почеток во 13:30 часот.

Никола Ивановски