Германските магацини се полни со гас

Сподели со своите пријатели

И покрај намалувањето на испораките на гас од Русија, нивото на зафатеност на германските складишта за гас за зимата достигна речиси 75 отсто, покажаа денеска објавените податоци од европските оператори за складирање гас.

Loading...

Според последните расположливи податоци, во вторник исполнетоста изнесува 73,7 отсто, што е за 0,55 процентни поени повеќе од претходниот ден.

Од минатиот петок, стапката на искористеност се зголеми за повеќе од 0,5 процентни поени дневно, и покрај значително намалените испораки од страна на руски Газпром.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија ќе продолжи да испорачува гас за Италија

Информациите за искористеноста се објавуваат со задоцнување од два дена.

Новите германски прописи предвидуваат дека магацините мора да бидат полни најмалку 75 отсто до 1 септември, потоа најмалку 85 отсто на 1 октомври и најмалку 95 отсто на 1 ноември.

Најголемиот германски магацин, кој се наоѓа во Реден во Долна Саксонија, во вторникот бил полн со 51,5 отсто.

Складиштата за гас ги компензираат флуктуациите во потрошувачката на гас, формирајќи еден вид тампон зона за пазарот на гас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Се повеќе граѓани во финансиски проблеми

Во минатото, во студените зимски денови, до 60 отсто од потрошувачката на гас во Германија се покриваше со складирање гас.

Loading...

Според податоците на индустриското здружение ИНЕС, во Германија има околу 40 складишта за гас.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.