Германскиот убиец снимката од нападот ја емитувал во живо

Сподели со своите пријатели

Неонацистичкиот Штефан Балит (27) е осомничен за напад пред синагога во германскиот град Хале, при што загинаа две лица, а повредени се двајца.

Loading...

Интернет-страницата за стриминг во живо Твич (Twitch) објави денес дека видео-снимки од вооружен напад во источниот германски град Хале во кои загинале две лица и две се тешко повредени се емитувале во живо преку нивната платформа.

Компанијата изјави дека работи забрзано за отстранување на таа содржина и додаде дека секој профил на кој ќе пронајде објавување или повторно емитување на содржината на „овој грозоморен чин“ ќе биде трајно суспендирана од таа платформа.

Портпаролката на компанијата не можеше веднаш да каже колку долго се емитувало видеото, во кое се наведува дека платформата, филијала на Амазон, ги истражува точните околности на нејзиното објавување.

Очевидци и власти објавија дека тешко вооружениот напаѓач во Хале се обидел неуспешно да се пробие во синагогата на светиот еврејски ден на Јом Кипур. Потоа пукал пред синагогата и во ресторан за ќебапи.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорт Зехофер рече дека станува збор за антисемитски чин и се верува дека е симпатизер на екстремно десничарските групи.

Директното емитување на нападите преку платформите потсетува на нападот на две џамии во Кристчрч, Нов Зеланд од страна на екстремно десничарскиот Австралиец во март, кога загинаа 51 лице. Тој го објави својот напад во живо на Фејсбук.

Leave a Reply