Германскиот суд ја одложи одлуката за забрана на дизел автомобилите

Сподели со своите пријатели

Германскиот суд го одложи носењето на одлуката за забрана на дизел возилата во градовите, а таквата одлука би можела да има енормни последици врз моќната автомобилска индустрија во Германија.

Сојузниот суд во Јапциг денеска започна рочиште и се очекуваше да донесе пресуда за неколку часа, наведува АП.

Но, судиите навеле дека процесот траел подолго од очекуваното и закажале изрекување на пресудата на 27 февруари.

Судот решава за жалбата на две германски сојузни држави на пресудите на понискиот суд во кои се сугерира дека забраната за возење на дизел автомобилите би била ефикасна и дека треба сериозно да се разгледа како средство за заштита на јавното здравје.

Ако судот во Лајпциг ја одбие жалбата, десетина градови би имале само неколку месеци да ги усвојат мерките за отстранување од патиштата на дизел возилата кои се големи загадувачи.

Провестепените процеси ги започна германската група Акција за животна средина, која ја обвинува владата дека интересите на произведувачите на автомобили ги става пред здравјето на луѓето.

Leave a Reply