Германскиот амбасадор во посета на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Развојот на економијата преку отворање на индустриската зона Речица и Новине, соживотот на етничките заедници во градот и проблемот со иселувањето на младите од државата се дел од темите на кои што разговараа градоначалникот Максим Димитирвски и амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Томас Герберих на денешната прва официјална средба во Општина Куманово.

Loading...

-Разговараме на повеќе теми, една од главните теми на која што се задржавме е економијата и потенцијална можност и помош за развој на економијата во нашиот град. Не беше изоставена ниту можноста за инвестиции во индустриската зона во Новине и Речица каде што планираме да отпочнеме со градежни активности веќе од следниот месец. Има интерес од страна на претставници на германската амбасада кои што ќе направат контакти со потенцијални инвеститори да ја претставиме во целост индустриската зона  и секако да направиме доплнителни контакти на веќе постоечките економски субјекти во нашиот град со германските организации претставувани во државата. Поразговаравме и за други можности на соработка бидејќи мултиетницизмот е многу битен и за нашата држава и за нашиот град, тоа е нашата предност , сакаме да продолжиме во делот на развојот на мултиетничкото општество и секако амбасадата покажа интерес, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Најважната точка од разговорот за амбасадорот Герберих е напорот кој треба да се вложи во иднина, за да се спречи иселувањето на млади лица од државата, искористувајќи ги можностите што ги нуди развојот на економијата.

-Зборуваваме исто така дека Куманово е втора по големина општина после Скопје и за мене што беше особено впечатливо е меѓуетничкиот соживот како главна точка и во тој правец мислам дека треба да работиме заеднички. Со таков пример на меѓуетнички соживот мислам дека Куманово може да биде пример на општина за останатите општини , но и за цела Северна Македонија, па дури и за регионот. Третата и најважната точка за која двајцата се согласивме е како да ги стопираме луѓето да не ја напуштаат Македонија туку да ги мотивираме тие што се таму да се вратат и да останат тука во својата земја. Разговаравме за неколку идеи како би тоа можеле да го спроведеме и можам да кажам дека во иднина ќе соработуваме тоа да го спроведеме на дело, изјави , Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија.

Loading...

Пред два дена Димитриевски оствари работна средба и со aмбасадорот на Република Словенија во Македонија , Милан Јазбец. На средбата се разговараше за досегашната меѓуопштинска соработка на Куманово со општините од Република Словенија, за економијата и за образованието.

Leave a Reply