Германија во моментов не планира да испрати тенкови Леопард 2 во Украина

Сподели со своите пријатели

Германија во моментов не планира да испрати тенкови Леопард 2 во Украина, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Loading...

Тој го изјави ова на прес-конференција, а по повод веста дека Германија ќе испрати борбени возила Мардер во Украина, а на покана од Киев да испрати уште тешко оружје, пренесува Ројтерс.

Германскиот министер за економија претходно изјави дека Берлин не ја исклучува можноста за снабдување со тенкови Леопард, кои се потешки борбени возила од Мардер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија наскоро ќе се продаваат само бели јајца