Германија: Усвоен закон кој ќе привлекува работници од странство

Сподели со своите пријатели

Додека другите земји се обидуваат да го ограничат бројот на мигранти, германскиот парламент усвои радикален нов закон кој треба да привлече странски работници во земјата.

Loading...

Тоа значи помалку пречки и пониски критериуми за работниците од земјите надвор од Европската унија.

Законот во канадски стил има систем на бодување заснован на повеќе категории: возраст, вештини, квалификации и врски со Германија.

Ќе се намалат критериумите за плати, образовен степен и познавање на германски јазик.

Новиот закон ќе им овозможи на работниците мигранти да доаѓаат во Германија и со и без понуда за работа.

Стимулациите вклучуваат можност работниците да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите со себе во Германија.

Ова претставува голема промена во германската државна политика.

Во текот на изминатите децении, германската влада ја отфрли идејата дека е земја на мигранти.

Loading...

Првата генерација гастарбајтери од Турција дојде во текот на 60-тите години на минатиот век и во тоа време важеа за „гости“ кои дојдоа да му помогнат на стопанството, а потоа да ја напуштат Германија.

Конзервативните влади на Германија особено, вклучително и администрацијата на Ангела Меркел, се бореа против идејата за општество отворено за работниците мигранти, и покрај фактот што општеството стана поразновидно како што минуваа децениите.

Повеќе од една четвртина од вкупното германско население е или родено во странство или има барем еден родител роден во странство.

Германија со години има ниска стапка на невработеност, но сега германските бизнис лидери почнаа јавно да зборуваат за недостигот на работна сила.

Проблемот се влошува со стареењето на населението, генерацијата бејби бумер родена во 1960-тите наскоро ќе почне да се пензионира.

Владините министри предупредуваат дека веќе е неопходно да се пополнат милиони слободни работни места, а недостигот на работна сила го опишуваат како најголем ризик со кој се соочува германската економија.

Кога централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД) на Олаф Шолц ги победи конзервативците на Ангела Меркел во 2021 година, новата коалиција на СПД, Зелените и либералите го направија олеснувањето на правилата за странските работници една од водечките точки на нејзината политичка платформа.

Оваа коалиција е зафатена од конфликти за прашањето за борба против климатските промени меѓу Зелените и про-бизнис либералите.

Loading...

Но, двете страни се согласуваат за миграцијата.

Либералите сакаат работници за економијата, а Зелените сакаат повеќе човекови права во миграциската политика.

Но собраниската расправа за законот беше жестока.

Конзервативците гласаа против нацрт-законот, огорчени што новиот акт ќе им овозможи на некои одбиени баратели на азил кои се веќе тука да најдат работа.

Против гласаше и крајната десница АФД, која тврди дека Германија не е земја на „мигранти“, туку „татковина“.

Позицијата на АФД сè уште не е мнозинство во германското општество.

И покрај ова, или можеби поради тоа, партијата достигнува невидени бројки на анкетите.

Во најновата телевизиска анкета АРД, партијата АФД оваа недела достигна 19 отсто, што е највисока бројка што некогаш ја постигнала во оваа анкета.

Loading...

Партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц падна на 17 отсто.

Политичката клима во Германија е поларизирана и фебрилна кога станува збор за миграцијата. Владата го сака тоа, на економијата и е потребно и парламентот сега го изгласа.