Европската унија сака да ја намали потрошувачката на гас за најмалку 15 отсто, а Германија веројатно мора да заштеди уште повеќе.
Како да се постигне ова? Апелите не се доволни.
Германскиот производител сè уште не го прекинал огласот за уреди за греење на гас, во кој се вели дека замената на стариот систем за греење со мазут со нов нас гас носи 45 проценти од државните субвенции – и тоа веќе не е точно.
Германија ги откажа овие стимулации преку ноќ. Во иднина ќе бидат поддржани само оние системи за греење кои работат на обновлива енергија. Тоа се топлински пумпи или котли на пелети.
„Најголемиот број луѓе живеат во постари куќи. Сега тие треба да реновираат, да ги заменат прозорците, да се ослободат од греењето на гас – ова помага да се намалат трошоците за греење и оди рака под рака со заштитата на климата“, рече германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Греачите се распродадени
Дали сега треба да се исфрли греењето на гас? За три месеци почнува грејната сезона, а повеќе од кое било друго домаќинство во Германија се грее на гас.
Ако му се јавиш на мајсторот за парно, вели дека старото парно може да го погледне дури во октомври, дотогаш се пополнети сите термини.
Покрај тоа, има недостаток на материјал. Топлинските пумпи е речиси невозможно да се добијат. И може да потрае неколку месеци за да ги инсталирате.
Мобилните радијатори и електричните греалки се речиси распродадени во продавниците за електрични апарати.
Експертите предупредуваат дека електричната мрежа не е дизајнирана за толку големо дополнително оптоварување, па на локално ниво мрежата на некои места може да биде преоптоварена.
Големи сметки – само во наредниот период
Додека во Германија е сè уште лето и системите за греење се исклучени, и луѓето кои живеат под кирија и оние кои поседуваат недвижен имот полека сфаќаат дека есента може да биде многу непријатна.
Компаниите кои снабдуваат енергија со најголем број луѓе сакаат да го зголемат месечниот износ за нивните услуги веќе во август или септември.
Дури и оние корисници кои имаат долгорочни договори со загарантирана ниска цена, мора да прифатат дека од октомври енергијата ќе им поскапи.
До пет центи за киловат-час треба да платат оние со најдобри договори поради солидарност со другите.
Нема да има топлинска полиција
Стимулацијата преку цените доаѓа предоцна, велат економистите и на тој начин го критикуваат досегашното однесување на германскиот министер за економија.
Со месеци апелира до граѓаните да штедат гас и – останува само на апели. Додуша, се подготвува директива со која се забранува зимско загревање на базените на гас.
„Не верувам дека полицијата ќе оди од еден до друг сопственик на базен да проверува дали се греат, тоа нема да биде случај“, вели министерот Хабек и додава дека тоа нема да биде земја во која би сакал да во живо.
Нема да има ниту законски пропишано замрзнување, додава тој, бидејќи за време на пандемијата се покажа дека луѓето доброволно ги почитуваат мерките.
Сепак, експертите се сомневаат дека пандемијата и енергетската криза можат да се споредат.
Научниот совет при Министерството за економија и заштита на климата собира водечки економисти, вкупно 41. Минатиот месец Советот му напиша писмо на министерот Хабек, предупредувајќи го дека апелите речиси никогаш не постигнуваат цел.
Да се пушти да дејствуваат цените
Велат дека потрошувачите ќе штедат енергија само доколку ја почувствуваат кризата во своите паричници.
„Високата цена на гасот е најдобар стимул за ограничување на потрошувачката“, се вели во писмото упатено до министерот.
– Ако сигналното дејство на цената биде ставено надвор од сила, затоа што одредени компании и домаќинства знаат дека ќе добијат енергија по фиксна цена, тие ќе немаат мотивација да заштедат.
Германскиот институт за економски истражувања (DIW) уште во април пресмета дека има мерки со кои во текот на годината би се намалила потрошувачката на гас за 33 отсто, а една од нив е зголемувањето на цената на енергијата да се пренесе директно на потрошувачите. Во првите шест месеци Германија заштедила само 16 отсто од гасот.
Државата да не сноси дополнителни трошоци
Економистите сметаат дека не треба да се дава дополнителна помош за трошоците за енергија – 300 евра веќе еднаш се платени.
Скептични се и кога станува збор за тоа државата да ја покрие разликата во цената. Наместо тоа, Советот предлага севкупниот пазар да се регулира потрошувачите да имаат умерени цени за одреден процент од ланската потрошувачка, а домаќинствата кои трошат повеќе да плаќаат пенали.
Клаудија Каемпферт од Германскиот институт за економски истражувања оди чекор понатаму, препорачувајќи на оние кои штедат многу да им се плаќа премија.
Министерот Хабек не го сака тоа: „Ако некој каже, ќе помогнам само ако добијам уште 50 евра, тогаш би рекол – стари луѓе, нема да добиете“, рече Хабек во телевизиско интервју.
Назад на работа од дома
Наместо тоа, министерот сѐ уште стои на советот луѓето да ја намалат фреквенцијата на туширање, да се тушираат со постудена вода, да го поправат греењето и да постават оптимална, пониска собна температура.
И бидејќи бројот на новозаразени луѓе се зголемува, можеби е паметно што повеќе луѓе повторно да работат од дома.
Постојат студии кои пресметале дека пет проценти од топлинската енергија може да се заштеди доколку повеќе луѓе работат од дома.
Клаудија Каемпферт тврди дека постои „значаен потенцијал“ за заштеда.
„Во принцип, работата од дома може да придонесе за заштеда на енергија, бидејќи канцеларијата тогаш не мора да се загрева и таму може да се заштеди.
Колку долго ќе издржат складиштата за гас?
Но, дали работодавците кои штедат енергија ако луѓето работат од дома ќе споделат дел од заштедите со своите вработени?
Тоа засега не е јасно, како што нема одговори на многу други прашања во енергетската криза. Сепак, дали е неизбежно да има недостиг на гас?
Четири водечки економски институти во земјата пресметаа дека ќе има доволно енергија дури и ако „Северен тек еден“ протече 20 отсто од својот капацитет.
Но, само под услов Германија, доколку се намали протокот, да не мора да ја дели дојдовната сума со соседите. Ниту тоа не е политички разјаснето.
Според пресметките, недостиг може да се случи во април и мај, а потоа повторно во декември 2023 година. Така, земјата ќе мора да се соочи со овој проблем на долг рок.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.