Германија третина од електричната енергија ја произвела во термоелектраните

Сподели со своите пријатели

Минатата година Германија произвела значително повеќе електрична енергија во термоелектраните на јаглен, чиј удел во производството достигна 33,3 отсто, покажуваат податоците на Дестатис.

Loading...

Производството на електрична енергија во термоелектраните на јаглен лани се зголемило за 8,4 отсто, пренесува Хина.

Со учество од 33,3 отсто во вкупното производство, јагленот беше позастапен отколку во 2021 година, кога неговото учество беше 30,2 отсто.

На второ место е ветерот со удел од 24,1 отсто, за 2,5 процентни поени поголем од 2021 година и пораст на производството од 9,4 отсто, покажуваат податоците на Дестатис.

Тие истакнаа дека 2021 година беше година со мал ветер. Уделот на природниот гас падна од 12,6 на 11,4 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Регулаторот на мрежата во петокот објави дека 14 електрани на јаглен и една електрана на нафта моментално произведуваат електрична енергија во Германија, откако владата донесе одлука со која се дозволува продажба на електрична енергија од тие електрани.

Електраните или беа повторно приклучени на мрежата, или не беа ни исклучени поради гасната криза.

Според уредбата на германската влада, електричната енергија произведена во резервни електрани кои користат јаглен или нафта како гориво ќе може да се продава до крајот на март следната година.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.