Германија се вооружува: Осум милијарди евра за нови хеликоптери

Сподели со своите пријатели

Германија има намера да купи 60 хеликоптери Chinook од компанијата Боинг како дел од пакетот што би чинел до осум милијарди евра и би ја вклучувал потребната инфраструктура за авионот.

Loading...

Оваа сума вклучува купување на тешки хеликоптери „CH-47“ за 6,27 милијарди евра, 700 милиони евра за сервисирање, 240 милиони евра за национални договори и 750 милиони евра за инфраструктура, пренесува Reuters повикувајќи се на неименуван извор од германскиот парламент.

Договорот сè уште треба да биде одобрен од комисијата за буџет на германскиот парламент, која треба да одржи дебата за ова прашање пред летниот одмор.

Минатата година, Германија ја објави својата намера да купи 60 тешки хеликоптери Chinook за да ја замени својата застарена флота од хеликоптери CH-53.

Првично беа издвоени шест милијарди евра за хеликоптери, но германскиот канцелар Олаф Шолц по почетокот на конфликтот во Украина ги зголеми трошоците за одбрана, издвојувајќи 100 милијарди евра за германските вооружени сили.