Германија против забраната за патување на Русите во ЕУ

Сподели со своите пријатели

„Оваа војна е војна на Путин“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција во Берлин, додавајќи дека санкциите треба да бидат насочени кон рускиот претседател Владимир Путин и оние кои ја поддржуваат војната во Украина.

Loading...

„Усвоивме остри, конкретни санкции против многу руски функционери, олигарси и моќни групи во Русија и секако ќе продолжиме да преземаме понатамошни чекори. Но, ако сега ги прошириме тие мерки на сите, вклучително и целосно невини луѓе, тогаш тоа ќе ја намали ефикасноста на овие санкции“, рече тој.

Претходно оваа недела, Финска и Естонија ги повикаа другите членки на ЕУ да престанат да издаваат туристички визи за руските граѓани како одговор на руската војна против Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

Естонија денеска објави дека ќе им забрани на руските државјани со валидни визи да влезат во земјата.

„Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право“, објави во вторникот на Твитер естонската премиерка Каја Калас, наведувајќи дека сега е „време да се запре туризмот од Русија“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.