Германија планира „увоз“ на 400.000 работници годишно поради недостаток од работна сила

Сподели со своите пријатели

Новата германска коалициска влада сака да привлекува 400.000 квалификувани работници од странство секоја година за да се справи со демографската нерамнотежа и недостигот на работна сила во клучните сектори, проблем што може да го забави економското закрепнување по пандемијата.

Loading...

„Недостигот од квалификувана работна сила стана толку сериозен што драматично ја забавува нашата економија“, рече Кристијан Дуер од Слободните демократи (ФДП).

За да ја направат Германија поатрактивна за странската работна сила, коалициските партнери договорија систем на бодување за експерти надвор од ЕУ, а исто така ја зголемија минималната плата за час на 12 евра, пренесува N1.

Германскиот економски институт проценува дека оваа година работната сила ќе биде намалена за повеќе од 300.000 луѓе бидејќи повеќе стари луѓе заминуваат во пензија отколку млади луѓе кои влегуваат на пазарот на трудот.

Тој јаз може да се зголеми на повеќе од 650.000 до 2029 година, а во 2030 година акумулираниот недостиг на работоспособни луѓе би можел да достигне пет милиони.