Германија планира да испрати седум тенкови Гепард во Украина

Сподели со своите пријатели

Германија се подготвува да ѝ испорача на Украина седум тенкови „Гепард“, покрај 30-те тенкови што веќе ги испратија за противвоздушна одбрана,  и кои веќе се користат во борбата против руската армија, се наведува на веб-страницата на германската влада, пренесува Ројтерс.

Loading...

Како што објави магазинот „Шпигел“, Германија планира да испрати седум тенкови „Гепард“ во Украина, кои во моментов ги сервисира производителот на оружје Краус-Мафеи Вегман (KMW) од Минхен, а се наменети како воена помош за Украина во одбраната на нејзините градови и инфраструктура од Руско гранатирање.

Според овој извор, кој прв го објави бројот на дополнителни тенкови што Германија ќе ги испрати во Украина, седум тенкови „Гепард“ првично биле деактивирани и наменети за отпад, а во Украина треба да пристигнат во пролетта 2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц: Како да се заштитат повеќе од 1,5 милиони луѓе во Газа?

Владата не кажа точно кога планира да ги испорача тенковите за кои се вели дека доаѓаат од залихите на производителите и чија испорака во некои случаи зависи од мерките за поправка или тековното производство.

Не можеше да се контактира со KMW за коментар, наведува медиумот.

Германската влада исто така планира да испрати муниција за Гепардите, пишува Шпигел.

Снабдувањето со муниција за „Гепард“ се покажа проблематично бидејќи Швајцарија, која има залихи на муниција, одбива да ја испорача, наведувајќи го нејзиниот неутрален статус.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...