Германија: Откажани над 700 летови поради штрајк

Сподели со своите пријатели

Сите полетувања од четири аеродроми во Германија ќе бидат откажани денеска и утре, поради штрајкот на безбедносните контролни работници, кој го свика синдикатот Верди, а со последиците од прекинот ќе се соочат најмалку 100.000 луѓе.

Loading...

Според германското аеродромско здружение АДВ, околу 700 појдовни летови ќе бидат откажани поради штрајкови на аеродромите во Дизелдорф, Хамбург и Келн/Бон, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Слетувањето на аеродромот сепак ќе биде можно, но се очекува летовите да бидат одложени или откажани.

Синдикатот Верди, исто така, го повика персоналот за безбедност да ја прекине работата на аеродромот во Штутгарт во петок, а не се знае колку откажувања ќе предизвика тоа.

Штрајкови поради високата инфлација

Причина за штрајкот се преговорите меѓу синдикатот и Федералната асоцијација на компании за безбедност на воздухопловството (БДЛС) за бонуси за ноќни смени, работа во сабота, недела и за време на националните празници, кои не постигнале напредок.

Високата инфлација во најголемата европска економија предизвика серија штрајкови во последниве месеци, бидејќи работниците бараат повисоки плати за да ги надоместат зголемените животни трошоци.

Синдикатот на железници и транспорт ЕВГ за петок најави еднодневен штрајк.

ЕВГ бара зголемување на платите за 12 отсто за своите 230.000 членови поради зголемената инфлација и трошоците за живот.

Loading...

Штрајкот, кој ќе започне во три часот по полноќ и ќе трае до 11 часот, ќе влијае на работата на педесетина железнички компании, меѓу кои и државната „Дојче бан“, која е најголемата железничка компанија во Европа.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.