Германија одобри извоз на оружје во Саудиска Арабија

Сподели со своите пријатели

Германската влада одобри испорака на воена опрема и муниција на борбени авиони во Саудиска Арабија и покрај сеопфатната забрана за извоз.

Loading...

Известувањето за испорака го испрати министерот за економија Роберт Хабек во писмо до Комисијата за економија на германскиот парламент.

Според писмото, дозволата за извоз е составен дел од заедничката програма на Германија, Италија, Шпанија и Британија.

Тоа е прв случај во мандатот на коалициската влада да се искористи можноста за изземање и да се одобри извоз на оружје во Саудиска Арабија, контроверзен купувач.

Меркел го прекина извозот на оружје во Саудиска Арабија

Опремата и муницијата за авионите Еурофајтер и Торнадо се вредни 36 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАНАДА: Шестмина уапсени за најголемата кражба во историјата на земјата

Саудиска Арабија ќе добие и резервни делови за Ербас А330 МРТТ во вредност од 2,8 милиони евра, кои ќе бидат испорачани како дел од проект за европска соработка.

Поранешната германска влада на чело со Ангела Меркел главно го суспендираше извозот на оружје во Саудиска Арабија, меѓу другото, поради вмешаноста на кралството во војната во Јемен и убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги.

Сепак, тие дозволија исклучоци за заеднички проекти со партнерите од НАТО, забележува агенцијата ДПА.

Loading...

Германски претставник: Повеќе не се двоумиме да ги вооружиме авторитарните режими

Севим Дагделен, претседателка на комисијата за надворешна политика на германскиот парламент од Левица, остро ги критикуваше дозволите, нарекувајќи ги криминални.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија наскоро ќе се продаваат само бели јајца

„Јасно е дека повеќе не се колебаме да ги вооружуваме авторитарните режими и да ги поттикнеме војните низ светот“, рече Дугделен.

ДПА потсетува дека канцеларот Олаф Шолц минатата сабота ја посети Саудиска Арабија за да разговара за увозот на енергија.