Германија очекува нов бран бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Хуманитарната организација Каритас смета на нов бегалски бран од Украина во Германија до крајот на зимата, соопштено е денеска.

Loading...

„Жителите на Украина нема да имаат друг избор освен да ја напуштат својата земја доколку инфраструктурата продолжи да се уништува и температурите продолжат да опаѓаат“, изјави Гернот Краус, шеф на украинскиот оддел на германскиот Каритас.

Тој рече дека неговата организација смета на „следниот бран бегалци“.

Краус, кој ги координира акциите во самата Украина, вели дека во првите бранови многу помлади жени со деца ја напуштиле Украина, а сега остануваат постари жени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

„Тие ќе мора да ги напуштат своите домови и тоа го зголемува притисокот врз соседните земји, но и врз Германија“, рече Краус.

Според проценките на Канцеларијата на Обединетите нации за бегалци, Украина досега ја напуштиле над осум милиони бегалци.

Германија досега има забележано над милион од нив. Каритас на загрозените во Украина им плаќа 56 евра месечно, а во исклучителни случаи и 560 евра за поправка на прозорци или купување огревно дрво.

Во Германија, бегалците од Украина, за разлика од бегалците од другите земји, имаат право на исти социјални бенефиции како и германските граѓани од првиот ден.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.