Германија нуди десетици милијарди евра на компаниите за намалување на емисиите на CO2

Сподели со своите пријатели

Германија започнува програма која ќе стави на располагање десетици милијарди евра за компаниите кои се соочуваат со значителни трошоци за енергија, во обид да помогне на индустрискиот сектор да финансира промена кон производството неутрално од јаглеродот, пишува Ројтерс.

Loading...

Компаниите ќе можат да аплицираат за грантови за кои Владата најавува дека ќе бидат во вредност од десетици милијарди евра, соопшти во понеделник Министерството за економија.

Министер: Подобни за субвенции се компаниите кои годишно испуштаат 10 килотони јаглерод диоксид и повеќе

Компаниите имаат рок од два месеци да го изразат својот интерес за учество во проектот, чија цел е Германија да го исполни ветувањето дека ќе стане јаглеродно неутрална до 2045 година.

Германската индустрија се соочува со притисок од комбинација на високи трошоци за суровини, енергија и работна сила, додека другите региони, особено САД, ги привлекуваат европските компании со дарежливи субвенции.

Министерот за економија Роберт Хабек рече дека компаниите подобни за субвенции ќе бидат оние кои испуштаат 10 килотони јаглерод диоксид или повеќе годишно.