Германија: Можен прекин на снабдувањето со гас, поскапувањето не може да се спречи

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за економија Роберт Хабек смета дека е можно Русија целосно да престане да испорачува гас на Северен тек 1.

Loading...

За РТЛ Хабек го повтори својот став дека не верува во техничките проблеми кои Кремљ ги наведе како причина за намалената испорака на гас, но посочува дека тоа е политичка мерка.

„Којзнае која ќе биде следната политичка мерка“, подвлече тој.

Запрашан дали може да замисли дека сметката за бензин ќе се зголеми тројно, Хабек одговори дека тоа не може да го исклучи и дека се е можно.

Тој посочи дека во Германија претстои бран поскапувања, што всушност не може да се спречи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Uber плаќа 178 милиони долари за да се спогоди со таксисти во Австралија

Хабек рече дека намалувањето на испораката на руски гас може да биде сигнал за ефективноста на санкциите.

„Точно е дека Путин доби пари преку продажба на фосилни горива, но тој може да купи помалку за тие пари бидејќи многу стоки се под санкции од Западот“, објасни тој.

Во изјавата за АРД, Хабек предупреди дека постои многу висок ризик енергетските оператори да завршат во тешка економска ситуација, во која повеќе нема да можат да најдат пари на пазарот за купување гас, изјави тој за АРД. Тој посочи дека тоа мора да се спречи.

Loading...

Хабек стравува од некаков ефект на „Леман браќа“ на енергетскиот пазар, кој би влијаел на електроенергетската индустрија, економијата, индустријата и потрошувачите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ вети 7,7 милијарди евра за хуманитарна помош во 2024 година

„Тогаш тие би имале домино ефект што би довело до тешка рецесија“, нагласи тој.