Германија мора да штеди повеќе гас од кој било во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Врз основа на планот на Европската комисија, Германија ќе мора најмногу да штеди гас.

Loading...

Според податоците на Европската комисија, до кои имала пристап агенцијата ДПА, а пренесуваат германските медиуми, Германија ќе мора да заштеди десет милијарди кубни метри гас од август до март, за да ја постигне целта за штедење на ЕУ од 15 проценти.

Ова е значително повеќе од другите и одговара приближно на годишната потрошувачка на пет милиони домаќинства со четири лица, пренесува Танјуг.

За споредба, Италија ќе мора да заштеди нешто повеќе од осум милијарди кубни метри гас за да ја постигне целта на ЕУ, а Франција и Холандија само пет милијарди кубни метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

Севкупно, ЕУ сака да заштеди околу 45 милијарди кубни метри гас.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек претходно објави дека неговата земја е подготвена да ги исполни целите на ЕУ.

Тој дури рече дека Германија е подготвена да заштеди повеќе од 15 проценти.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...