Генералниот секретар на НАТО во посета на Киев

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна во Украина за прв пат по руската инвазија минатата година, изјави претставник на Алијансата.

Loading...

„Генералниот секретар на НАТО е во Украина. Ќе објавиме повеќе информации што е можно поскоро“, рече претставникот, кој побара да остане анонимен во согласност со процедурите на НАТО.

Локалните медиуми објавија слики од Столтенберг како им оддава почит на паднатите украински војници на плоштадот Свети Михаил во Киев.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.