Гел од алое вера – магијата на природата

Сподели со своите пријатели

Алое Вера е прекрасно и волшебно растение. На многу начини тоа може да ја намали потребата од употреба на медицински препарати и лекови, бидејќи помага во исклучително многу случаи.

Ако досега сте се запрашале дали воопшто да започнете да си одгледувате алое дома – не размислуваjте, туку веднаш да си засадите. Неговите блага ќе ви помогнат за многу здравствени потреби.

За оние кои не знаат, алоето претставува сукулентно растение, чии листови се широки, густи и месести. Под горниот слој се наоѓа гел кој може да се примени во сурова варијанта како надворешно, така и да се консумира.

Гелот се добива со тоа што внимателно се истругува од површината на излупениот лист на алоето.

Свештеникот кој 20 години го проучувал Алое Вера тврди дека ракот е излечлив, а ова е рецептот!

Loading...

За што помага гелот на алоето?

Надворешна употреба на алоето

За кожата

Гелот од алое вера ги отстранува акните и егземите до 100% при редовно спроведување. Ако страдате од овие тешко лекувани кожни болести ништо не ви пречи да се обидете. Ништо не губите, само може да добиете.

Осипот, гнојните мозолчиња и други кожни воспаленија исто се ублажуваат многу успешно од алоето.

Алое се применува и при убоди од инсекти, иритација, чешање, црвенило, ситни осип. Гелот на алоето хидрира во длабочина и ја провоцира природната регенерација на кожата. При рани и модринки тој помага за побрзо заздравување.

Ако се грижите дека наскоро ќе ви се појават брчки – применувајте чист природен гел од алое вера на потенцијално засегнатите места. Тој ќе ја израмни кожата, бидејќи е природна алтернатива на медицинските филери. Брчките ќе бидат одложени максимално во времето.
Антиоксидантите во алоето се борат со процесот на стареење и ја прават кожата млада, сјајна и жива.

Домашни лекови за изгореници

За косата

Гелот од алое вера делува успешно на скалпот со тоа што штити од појава на првут. Тој го лекува и веќе постоечкиот првут, а истовремено со тоа ја  прави косата мека и лесна за расчешлување. Затоа можете слободно да го користите наместо балсам.

Алоето е моќно средство во превенција и на опаѓањето. Тоа ја потхранува косата во длабочина и ги заздравува фоликулите.

Внатрешна употреба на алоето

Потрошувачката на гел од алое вера ја зголемува имунолошката заштита, го регулира нивото на шеќерот во крвта и инсулинот. На овој начин организмот се штити од дијабетес, метаболен синдром и неконтролирано качувањето килограми.

Гелот од алое вера може не само да се јаде, но и да се пие во форма на тонизиран пијалок. Можете да го смачкате на мали коцки и да го измешате со минерална или природно газирана вода.

Осум совети кои ќе ви помогнат полесно да ја преспиете ноќта

Во овој вид тој е корисен за дигестивниот систем со тоа што ја подобрува перисталтиката на цревата и ја намалува киселоста во желудникот.

Земањето на алое вера придонесува за регулирање на кардиоваскуларниот систем. Исто така го намалува воспалението во меките ткива и непцата.

Пијалоците со алое го хидрираат телото и ја подобруваат функцијата на уринарниот тракт и уринарниот систем.

Причините за честата конзумација и надворешна апликација на гелот од алое вера се многу. Користете од нив и бидете здрави со овој природен производ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.