Гејтс отворено го критикуваа односот на Трамп кон луѓето, државите…

Сподели со своите пријатели

Милијардерот и основач на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинд, кои се големи светски филантропи, сметаат дека претседателот на САД Доналд Трамп би требал да се однесува кон луѓето со поголемо почитување, особено кон жените, но и дека треба да продолжи со вложување во сиромашните земји поради „добробит на глобалната безбедност“.

Предвидувања на Бил Гејтс кои излегоа прецизни и точни

Loading...

Во отвореното писмо, кое го објавуваат на годишно ниво и во кое одговараат на прашања во врска со нивната фондација, Бил и Мелинда Гејтс ги критикуваат предлозите на Трамп за намалување на помошта кон странските земји, па порачаа дека тој има одговорност да биде добар пример и да ги охрабри сите Американци низ своите изјави и политика.

МИЛИЈАРДЕРСКИ РАЈ: Неверојатни фотографии од имотот на Бил Гејтс (галерија)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп продава своја верзија на Библијата: „Натерајте ја Америка повторно да се моли“

– Би сакала нашиот претседател да ги третира луѓето, а особено жените, со повеќе почитување кога зборува и твитува, навела Мелинда Гејтс во писмото.

Бил Гејтс: Овие шест иновации ќе го променат светот

Ви писмото во кое парот Гејтс одговара на 10 најнезгодни прашања кои ги добиваат во врска со своите филантропски делоувања, тие се осврнаа и на плановите на Трамп да го намали издвојувањето за борба против болести и сиромаштија во странство, пренесува Ројтерс.

Бил Гејтс и како да се потрошат милијардите? Авиони, камиони и уметнички дела!

– Тие напори спасуваат животи и тие ги чинат Американците побезбедни со то ашто сиромашните земји ги прават постабилни и спречуваат епидемии на болести пред тие да станат пандемии. Светот не е побезбедно место кога повеќе луѓе се болни или гладни, порачал Бил Гејтс.

Неверојатни работи за Бил Гејтс кои сигурно не сте ги знаеле

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скандалозна изјава на Бајден: Да ја заштитиме Украина од касапот Путин

Предлогот на Трамп за намалување на фондовите за дипломатија и помош во странство наиде на отпор во американскиот Конгрес во понеделник, кога републиканците се придружија на демократите во противењето за намалување на она што тие го гледаат како клучни трошоци за „мека моќ“ во време на голбални закани.

Leave a Reply