Газа ја чека нов пекол: Израел нареди масовна мобилизација на резервисти

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израел нареди масовна мобилизација на резервисти за уште помоќни напади врз Газа, објави во неделата началникот на Генералштабот Ејал Замир.

„Оваа недела испраќаме десетици илјади повици до нашите резервисти за консолидирање и проширување на нашите операции во Појасот Газа“, рече воениот командант за време на посетата на воена база јужно од Хаифа.

„Го зголемуваме притисокот со цел да ги вратиме нашите луѓе и да го победиме Хамас“, рече Замир, според военото соопштение.

„Ќе дејствуваме во дополнителни области и ќе ја уништиме целата инфраструктура над и под земјата.“

Израелскиот кабинет за безбедност треба да разговара за ескалацијата на конфликтот во Газа во недела навечер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди дека крајот на војната во Газа е близу: Во вчерашниот напад убиени најмалку 100 луѓе

Според извештаите на израелските медиуми, премиерот Бенјамин Нетанјаху веќе дал согласност за плановите.

Планираното проширување на израелските напади само ќе ја влоши веќе тешката ситуација за палестинските цивили во Газа, за која хуманитарните работници велат дека е катастрофална, истакнува агенцијата ДПА.