Британскиот премиер Кир Стармер, кој денеска е во еднодневна посета на Брисел, се соочува со притисок од ЕУ да започне разговори за програма што ќе им овозможи на младите од ЕУ одредено време да живеат и работат во Велика Британија и обратно.
За време на првата посета на Стармер на Брисел откако стана премиер, тој ќе разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а како што пренесува Гардијан, оваа посета му дава можност да ја претстави својата визија за „попрагматичен и зрели односи“ со ЕУ.
Високите европски политичари јасно ставија до знаење дека развојот на програми за младинска мобилност е приоритет.
Претставници и аналитичари на ЕУ за „Гардијан“ изјавија дека ова прашање стана „знак на добра волја“ во односите меѓу Велика Британија и ЕУ, пренесува Танјуг.
„Комисијата главно сака да види дали Стармер е подготвен да се вклучи во деталите на програмата за мобилност на младите.
Стармер досега се спротивстави на овие предлози, велејќи им на новинарите минатата недела дека нема планови за шема за младинска мобилност.