Галужин: Украинскиот конфликт стана долготраен

Сподели со своите пријатели

Украинскиот конфликт стана долготраен и сите прогнози за тоа кога ќе заврши се неверодостојни, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галужин.

Loading...

Галужин посочи дека предусловите поставени од Украина и Западот не можат да бидат основа за конструктивен разговор.

Галужин, во интервју за ТАСС, потсети дека Западот е решен да обезбеди целосна и безусловна победа на Киев со сите нови региони на Русија – Доњецкa и Луганскa народнa републикa, како и регионите Херсон и Запорожје, како и за Крим, да бидат вратени во Украина.

Галужин рече дека Западот очекува Русија да плати воени репарации и да работи на обновата на Украина и најавува формирање на Трибунал за наводни руски воени злосторства за да се обиде да го осуди руското раководство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

„Со други зборови, според логиката на Киев и Западот, ние мора да ги напуштиме ослободените области, да обновиме сè што е уништено, да платиме репарации и да одиме во затвор, а дури потоа Украинците ќе бидат толку љубезни што ќе се вратат на преговорите“, рече Галужин.

Според него, и самиот претседател на Украина Володимир Зеленски би се потсмевал на ваквата апсурдна идеја да останел комичар.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.