(ГАЛЕРИЈА) Ракометарките на Куманово нерешено против Ѓорче Петров

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Кумаово нерешено го завршија третиот плеј оф натпревар оваа сезона откако на домашен терен денеска ги одмерија силите со лидерот на табелата Ѓорче Петров.

Loading...

 

 

Силна беше желбата на кумановки да го добијат овој натпревар и да го нанесат првиот пораз на гостинскиот состав во плеј оф завршницата, но на крајот извојуваа резултат 28:28.

 

 

Loading...

Првиот дел од средбата се играше гол за гол, со повремено водство на домашниот состав и израмнување на гостинскиот.

 

 

На полувреме кумановки заминаа со предност од четири голови, односно резултат 15:11.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат малолетник во Черкези

 

 

Loading...

Големата желба за победа на ракометарките на Куманово им ја одвлекуваше концентрацијата во играта, па веќе во второто полувреме почна повремено дасе топи нивната предност и Ѓорче Петров сериозно да се заканува дека ќе го добие мечот.

 

 

Неколку секунди пред крајот кумановки имаа еден гол негатива, но тоа го израмни Ивановска буквално во последен миг за конечни 28:28.

 

 

Loading...

Бразилката Алмеида беше убедливо најдобра во составот на Куманово со реализирани 11 погодоци, а по пет реализации имаа Пена Граматова и Габриела Величковска.

 

 

Со шест погодоци во тимот на Ѓорче Петров најефикасни беа Дуковска и Јанкуловска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  235 лица од Куманово земале социјална помош, а не требало

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

текст:фото: Никола Ивановски

Loading...