Г7 разговараше за руските напади врз украинската инфраструктура

Сподели со своите пријатели

Врвните дипломати од богатите демократии на Г7 разговараа за тоа како да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руските напади врз цивилната инфраструктура на состанокот во Мунстер и се согласија дека е потребен механизам за координација, изјави во петокот висок претставник на Стејт департментот.

Loading...

„Разговаравме за потребите со кои се соочува Украина додека влегува во зима и се согласивме дека е потребен механизам за координација на Г7 за да ѝ помогне на Украина да ја поправи, обнови и одбрани својата критична енергетска и водна инфраструктура“, им рече официјалниот претставник на новинарите, кој сакал да остане неименуван.

Русија во последните недели ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина.

Киев објави дека е оштетен до 40 отсто од електроенергетскиот систем во земјата. Москва призна дека ја напаѓа енергетската инфраструктура, но негира дека напаѓа цивили.

Има поголем фокус на потребата да се одговори и да се одбрани од руските напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина, вклучително и системите за воздушна одбрана, рече претставникот.

„Имаше многу дискусии за тоа, за тоа кои земји можат да обезбедат системи и поддршка што би можеле да ѝ овозможат на Украина подобро да се брани од овие напади со дроно ии ракетни напади“, рече тој.

Украина и западните сојузници го обвинуваат Иран дека и испратил на Русија свои самоубиствени беспилотни летала што се користат во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...