ФСБ: Спречена серија терористички напади во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила серија терористички напади во Запорожје, за кои рекоа дека биле планирани од тројца украински државјани по инструкции на украинските тајни служби.

Loading...

„Во Мелитопол тројца државјани на Украина се приведени на пат кон местото каде што се очекувало да постават експлозивна направа на еден од градските пазари“, се наведува во соопштението на Центарот за односи со јавноста на ФСБ, а пренесуваат од агенцијата ТАС С.

Според извештаите, двајца од уапсените биле претходно осудени за тешки кривични дела извршени во Украина.

„Тие признаа дека дејствувале по инструкции на украинските специјални служби со цел да го заплашат цивилното население во регионот Запорожје“, се вели во соопштението на ФСБ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија: Русите се обидуваат да ги одвлечат Украинците во Бахмут

Се додава дека во автомобилот на уапсените биле пронајдени делови од импровизирана експлозивна направа и електрични детонатори, а во становите биле пронајдени два пиштола со муниција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.