Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) приведе жител на Крим кој, наводно, по наредба на украинската разузнавачка служба, пренесувал податоци за транспорт на воен товар во зоната на специјална воена операција, соопшти денеска прес-службата на ФСБ.
Во соопштението се наведува дека се спречени активности на поддржувач на украинската националистичка идеологија, руски државјанин роден 1965 година, пренесува Танјуг.
Како што се посочува, приведениот по инструкции на украинската разузнавачка служба пренесувал информации за транспорт на воен товар испратен преку Крим до зоната на специјална воена операција, пренесе ТАСС.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.