Фросина Ременски го посети домот за стари лица „Зафир Сајто“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Актуелната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски денеска беше во целодневна посета на неколку институции во општина Куманово.

Loading...

[huge_it_gallery id=”255″]

 

Целта на посетата е да се согледа моменталната состојба на институциите под надлежност на оваа министерство, но и да се искаже спремност за помош во неопходни потреби кои ќе ги изразат институциите.

Сепак примарната посета на министерката беше во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ каде оствари работна средба со директоро Џемаљедин Неџипи. Целта беше министерката да се зпознае со проблемите за дневното функционирање на домот и да се истакнат предностите и потребите на старските домови.

Министерството повеќе внимание да обрнува за грижата на старите луѓе и за условите во кои тие го поминуваат остатокот од нивниот живот и грижата за луѓето – вели Ременски.

Директорот на „Зафир Сајто“, Џемаљедин Неџипи се заблагодари на посетата на министерката Ременски и ја искористи можноста да ја запознае со работата на установата.

Директорот потенцираше дека оваа установа која од 2006 година фунцкионира во рамките на општина Куманово, а под финансиска контрола на Министерството за труд и социјална политика, има финансиски проблеми во своето работење.

Од 2009 година имавме 19 милиони, додека во 2016 10, 6 милиони денари, што значи дека огромен дел од средствата ни се намалени. Со тие средства од блок ротациите домот не може ни платите да ги покрива, а да не мислиме за друго нешто, но се надеваме дека овие барања ќе се земаат во предвид со цел да можеме да функционираме нормално и ад обезбедиме услуги како што треба – изјави директорот Неџипи.

Ременски беше присутна и на претставата која ја изведоа учениците од СОУ „Перо Наков“ која за цел имаше да ги релаксира старите лица во домот во персрет на празниците.

 

[huge_it_gallery id=”256″]

 

Loading...

Работниот ден министерката го започна со средба со градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски при што се разговарало за актуелните проекти на општината во делот на раниот детски развој и проектите кои се во тек и ја очекуваат позитивната одлука на Советот за отворање на две Установи за ран детски развој.

Куманово е град со најголем број на деца во Република Македонија, по Скопје, кои се вклулчени и чекаат за вклучување во установите за предучилишно образование. Во таа насока ги истакнавме и заложбите Министерството за теруд и социјална политика да рпистапи кон исполнувањ ена обврските во насока на тие проекти – вели актуелната министерка за труд и социјална политика.

Ременски со својот тим беше и во работна посета на градинката „Ангел Шајче“ каде се сретнала со како што вели добриот менаџерски тим кој прави напори децата да ги добијат најдобрите услови.

Градинката „Ангел Шајче“ може ад биде пример за сите градинки во Република Македонија и во однос на грижата за децата и во однос на грижата з аисхраната и во однос на целокупната организација на активностите на децата – потенцираше Фросина Ременски.

Министерката средба оствари и со директорот на Центарот за социјални работи Куманово на која се разговарало за актуелни прашања од интерес на министерството како и проблемите со кои се соочува центарот.

Инаку ова беше прва работна посета на Дом за стари лица од страна на министерката Фросина Ременски која најави вакви посети и во другите општини.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.