Франција лани запленила 157 тони дрога

Сподели со своите пријатели

На 19 февруари, француската полиција запленила 1,9 тони кокаин во комерцијалното пристаниште Авр, што е најголемата поединечна заплена на дрога во земјата.

Loading...

Само минатата година Франција запленила повеќе од 157 тони нелегална дрога, која министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин ја означи како историска победа против криминалот и ја нарече „мајка на сите битки“, пренесува Еурактив.

Најмногу запленет канабис биле 128,6 тони, што е 15 отсто во однос на 2021 година и 47 отсто во однос на 2017 година, изјави Дарманин за новинарите.

Дарманин објасни дека околу 80 отсто од целата трговија со кокаин оди преку комерцијални бродови.

Се вели дека 55 отсто од кокаинот што стигнува до француските брегови доаѓа од островите на Карибите и Француска Гвајана, клучна транзитна зона за јужноамериканскиот кокаин.

Податоците покажуваат дека минатата година биле запленети 1,4 тони хероин, 273 килограми амфетамин и метамфетамин и 1,5 милиони таблети екстази и МДМА.

Овие резултати говорат за офанзивната стратегија на владата во борбата против трговијата со дрога.

„Со трговијата и конзумирањето на дрога доаѓа и несигурноста, деликвенцијата, организираниот криминал, валканите пари, тероризмот, проституцијата и детската порнографија“, изјави Дарманин, пренесе Танјуг.

Loading...

Министерот за јавни финансии Габриел Атал на конференцијата предупреди за „интензитетот на заканата од дрога за националната безбедност“ и дека е подготвен да се справи со „белото цунами“, алудирајќи на зголемената побарувачка на кокаин во Франција.

Според извештаите, околу 600.000 Французи нередовно користеле кокаин во 2022 година, а според податоците на Француската опсерваторија за дроги и зависни однесувања, 2,1 милион граѓани пробале тој вид дрога најмалку еднаш минатата година.

Покрај тоа, 18 милиони Французи пушеле трева барем еднаш во 2022 година.