Франција и Полска за посилни ограничувања за увоз на храна од Украина

Сподели со своите пријатели

Франција и Полска побараа посилни ограничувања на увозот на прехранбени производи од Украина, со цел да се спречи, како што наведоа, дестабилизација на европските земјоделски пазари и нови протести на земјоделците.

Loading...

Членките на Европската унија во Брисел разговараат како да се продолжи бесцаринскиот увоз на земјоделски производи од Украина за една година, а во исто време да се задоволат барањата на европските земјоделци кои со месеци ги блокираа патиштата поради еколошките правила на Унијата и увозот на евтини производи од земји кои не се членки на ЕУ, пренесува Ројтерс.

„Висока цена“

Францускиот министер за земјоделство Марк Фесно смета дека дестабилизираните европски пазари би можеле да ја поткопаат поддршката за Киев, што не би било во интерес на ЕУ или на Украинците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Неговиот полски колега Чеслав Сиекиерски рече дека земјоделците во земјите na соседна Украина платиле превисока цена за увоз на евтини украински производи.

Европската комисија предложи суспензија на давачките за украинските земјоделски производи за една година до јуни 2025 година.

Планирано е на средбата в среда на оваа тема да се занимаваат и претставниците на Унијата, јавува Танјуг.