Франција го одби барањето на Русија да закаже седница на СБ на ОН

Сподели со своите пријатели

Франција, која претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации во јануари, го отфрли барањето на Русија да се закаже седница на тоа тело поради соборувањето на рускиот авион со украински воени заробеници, пренесе Тас.

Loading...

Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански изјави дека ваквата одлука на Франција претставува злоупотреба на овластувањата.

„Како што можеше да се очекува, француското претседателство го избра патот на злоупотреба на моќта и одби да го исполни нашето барање за итен состанок на Советот за безбедност во врска со терористичкиот напад врз нашиот авион во кој на размена се превезуваа украински воени затвореници“, напиша Полјански на канал на Телеграм.

Според него, Франција сакала да им обезбеди на Украинците доволно време да дадат убедливо објаснување за тоа што се случило, па се согласиле на средбата на 25 јануари, од 17 часот по локално време.

Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија побарала седница на Советот за безбедност да се одржи во 15 часот по локално време.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.