Франција го казни Гугл со 150 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Француската агенција за конкуренција ја казни американската технолошка компанија Гугл 150 милиони долари за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за рекламирање преку интернет.

Loading...

Агенцијата го објави ова во денешното соопштение, во кое се наведува дека методите што ги користи платформата Google Ads на Google се нетранспарентни и тешки за разбирање и се применуваат на „нерамен и случаен начин“ од страна на компанијата.

Француското регулаторно тело исто така нареди на Гугл да разјасни како ги користи Google рекламите и нејзините процедури за суспендирање на профилите.

Ова е последна во низата европски казни против Гугл што има многу мала конкуренција за платформите за пребарување во Европа.

Гугл соопшти дека ќе ја обжали пресудата, велејќи дека нејзината рекламна политика е дизајнирана да ги заштити потрошувачите од експлоатативни и навредливи реклами.

Leave a Reply