Форумот во Давос е само претстава, најважните одлуки на политичките моќници се носат овде (фото)

Сподели со своите пријатели

Светскиот економски форум во Давос привлекува многу внимание во јавноста, особено поради гостите од Холивуд, Силицијанската долина, па и руските олигарси. Меѓутоа, вистинските важни одлуки се носат на друга голема конференција, за која медиумите не известуваат толку многу – Безбедносната конференција во Минхен.

Критичарите велат дека во Давос всушност не се случуваат премногу важни работи и дека тоа всушност е само една голема претстава, пренесува американскиот политички сајт „Политико“.

Елитата пристигнува во Алпите: Еве како изгледа Давос (фото)

Loading...

– Тоа е оптшествен настан и со години веќе има екстремно мали ефекти врз политиката, рекол Хајнер Фласбек, некогашен фунцкионер на германската влада и главен економист на Конференцијата на ОН за трговија и развој.

Тој повеќе пати има учествувано на Форумот во Давос.

– Тоа е големо шоу. Никогаш немаше некакви дополнителни акции по барањата кои таму се искажани, вели тој.

Макрон најави поддршка на иновациите, пониски такси за фирмите и ограничување на работничките права

На прв поглед изгледа дека Давос и Минхен служат за различни цели. Меѓутоа, иако не се идентични, тие имаат заеднички фокус во борбата против глобалните закани, биле тие воени или економски, па и нивните агенди се скоро исти.

– Минхен и натаму е круната на сите меѓународни конференции за безбедноста и оној кој гарантира дека ќе се најде во насловите на медиумите. Минхен е сличен на Давос од многу аспекти, тоа е мешавина на настани и вмрежување каде мартините често се еднакво интересни како и говорите во главната сала, рекол Андрес Фог Расмусен, поранешен дански премиер и генерален секретар на НАТО кој оваа недела е во Давос.

 

 

Џет-сетот против мислителите

Давос повеќе е фокусиран на џет-сетот, додека Минхен станува дестијација која ја преферираат „мислителите“.

Во ерата во која „цврстата сила“ се повеќе ја победува „меката“, оваа конференција повторно добива на значење.

Заев и Ципрас во Давос договорија промена на името на автопатот (фото+видео)

Во текот на годините, Минхен често служи како место за водечки светскис или кои испраќаат пораки до сојузниците и противниците, па руди и се закануваат.

Така во 2009. година, на пример, тогашниот американски потпретседател Џо Бајден на светот ја соопшти првата голема одлука на Барак Обама во врска со надворешната политика, истакнувајќи дека САД се подготвени да го притиснат ресет копчето за односите со Русија.

 

Loading...

 

Место каде се носат храбри политички одлуки

На маргините на минатогодишната конференција, Германија и Франција преговараа за примирјето во Источна Украина.

Рама: Србија и Албанија заедно во ЕУ ако Белград го признае Косово

– Минхен е местото каде одите да слушнете храбри политички одлуки кои се објавени, нови идеи и тестирани пристапи, да потврдите стари пријателства, но и да формирате нови.Минхен ги поврзува европските лидери мислители со колегите ширум светот, како ниту еден друг глобален форум, рекол Бајден, кој редовно ја посетува Бебзедносната конференција во Минхен од 1980-ите години.

 

 

Безбедносната кофенреција во Минхен во 1963. година ја основал Евалд Хајнрих фон клаист, еден од германските официри на Вермахт кој ичествувал во заговорот да се убие Хитлер.

Loading...

Во почетокот собирот се нарекувал „Internationale Wehrkunde-Begegnung“, на кој германските и американските политичари и безбедносни официри разменувале мислења и информации во времето кога Студената војна била на врвот, а главната цел тогаш била борбата против СССР.

Меркел: По Брегзит, ЕУ треба да биде обединета

Набргу се проширил и станал најважниот постстуденовоен безбедносен форум.

Сомнежите за неопходноста на оваа конференција, кои се јавиле кон ктрјао на 90-те години и замалку довеле до негово укинување, исчезнале по терористичкиот напад во САД од 2001. година. Конференцијата ја докажала својата релевантност две години подоцна кога се јавиле поделби помеѓу светските лидери околу војната во Ирак.

 

 

Шок од Путин

Loading...

Иако до неодамна се фокусираше на НАТО и трансатлантската безбедност, конференцијата е проширена и сега на неа се расправа за многу глобални закани и предизвици од глобалното затополување до сајбер војувањето.

Се проширил и бројот на учесници, па сега вклучува водечки фигури од Азија, Блискиот Исток и Русија, држави против кои е започната конференцијата и била воспоставена.

Најбогатите 42 личности имаат пари колку половина од светската популација

Токму во Минхен во 2007. година рускиот претседател Владимир Путин ја шокираше јавноста со обвинувањата против Вашингтон поради ширењето на НАТО и поради поткопувањето на глобалната безбедност. Односот на Западот и Русија од тогаш е многу „лизгав“.

Конференцијата во Минхен оваа година треба да се одржи од 16. до 18. февруари.