Форбс Украина: Русија потроши четвртина од својот буџет за војна

Сподели со своите пријатели

Русија потрошила 82 милијарди долари или четвртина од својот годишен буџет за војната во Украина од 24 февруари до денес, проценува Форбс Украина.

Loading...

Буџетските приходи на Русија во 2021 година изнесуваат 340 милијарди долари, што значи дека Руската Федерација веќе потрошила четвртина од минатогодишните приходи за воени операции, пишува Гардијан.

Оваа проценка ги вклучува директните трошоци кои се неопходни за поддршка на воените операции, но не ги вклучува редовните трошоци за одбрана или потенцијалните загуби што Русија ги претрпе поради намалениот извоз на нафта и гас во европските земји, бидејќи приходите од федералниот буџет од извозот на енергија се намалуваат.

Русија пред почетокот на војната во Украина заработувала околу една милијарда долари дневно од извоз на енергетски производи, пишува Гардијан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.