22.02.2018 10:53

Фонсека: Можевме да ја победиме Ромa со повеќе, да не беше нивниот голман


Тренерот на Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека остана задоволен од успехот со 2:1 нaд Рома во синоќешниот прв натпревар помеѓу двата тима од осмина финалето на Лигата на шампионите.

– Го започнавме натпреварот многу добро и создадовме рана шанса која не успеавм да ја завршиме прецизно, изјави тој на прес-конференцијата по натпреварот.

Тој додаде дека е задоволен од физичката подготвеност на неговата екипа.

– Голманот на Рома имаше одличен натпревар и ако не беше тој, можеше да постигнеме уште еден гол. Да се ​​игра против италијанските тимови е многу тешко, особено ако го добиете првиот удар. Тие се добро организирани во одбрана и тактички дисциплинирани, заврши тренерот на украинскиот тим. /МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments