Фон дер Лајен пристигна во Киев на разговори со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен допатува во Украина за да разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски за кандидатурата на оваа земја за членство во Европската унија.

Loading...

„Ќе разговарам со претседателот Зеленски за заедничката работа потребна за обнова и напредокот што Украина го постигна на својот европски пат“, рече Лајен во изјавата на Твитер.

На почетокот на овој месец Лајен истакна дека ја поддржува Украина на нејзиниот пат кон ЕУ, тврдејќи дека нема кратенки за пристап во ЕУ и дека членките на ЕУ мора да инвестираат во обновливи извори на енергија за да не бидат зависни од руските енергетски извори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Украина не е перница меѓу Западот и Русија, таа ќе биде членка на Европската унија

 

 

– Украина може да го нахрани целиот свет. Сакаме Украина да има иднина, изјави Урсула фон дер Лајен.

Според неа, Украинците сакаат слобода и суверенитет и сами да одлучуваат за својата иднина во европското семејство.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како може да реагира Кремљ доколку Украина стане дел од ЕУ?

Претседателката на ЕК го посети и Киев на почетокот на април, кога најави дека Украина би можела брзо да ги започне пристапните преговори со Европската унија.

Таа потоа му предаде прашалник на украинскиот претседател што ќе ја означи почетната точка за одлуката на ЕУ за членството на Киев.