Фон дер Лајен: Лидерите на Г7 и НАТО ги осудија нападите врз Украина

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Г7 и НАТО ги осудија „бруталните дејствија на Русија во Украина“ и стојат обединети со Киев се додека е потребно, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Loading...

Таа во видео порака на Твитер рече дека лидерите се подготвени да ѝ помогнат на Полска да ја истражи синоќешната експлозија во близина на украинската граница, која уследи по руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, пренесе Ројтерс.

Полските власти објавија дека две лица загинале во експлозија во областа Хрубешов во источна Полска, но без да потврдат дека се работи за руски проектил.

Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека ракетата паднала врз Пржеводов, село на околу шест километри од границата со Украина.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.