Flash Player е и официјално „мртов“

Сподели со своите пријатели

Со последниот ден од 2020 година, Adobe престана да го поддржува Flash Player, кој го „обликуваше“ интернетот каков што го знаеме!

Loading...

Компанијата ја објави одлуката во 2017 година, а сега ја спроведе.

Adobe нема да започне нови ажурирања и им предлага на корисниците да ја избришат апликацијата.

Flash Player ќе престане да пушта анимации и видеа од 12 јануари, пренесува Metro.

Телефоните ја запечатија судбината?

Култната апликација дебитираше во 1996 година и стана дел од темелот на глобалната мрежа, овозможувајќи им на луѓето да создаваат / проследуваат слики и анимации во рамките на веб прелистувачот.

До 2009 година, Flash Player беше инсталиран на 99% од десктоп компјутерите поврзани на интернет.

Софтверот не го најде патот до „паметните“ телефони, поточно мобилен интернет.

Loading...

Посебен проблем беше одлуката на гигантот „Епл“ да не поддржува Flash на своите уреди.

Ако го користите овој софтвер на вашиот компјутер, би било добро да го деинсталирате.

Leave a Reply