Физичката активност го продолжува животот

Сподели со своите пријатели

Постарите мажи кои се занимаваат по 30 минути со физичка активност, шест дена во неделата, е веројатно да имаат 40 проценти помал ризик од смрт, во споредба со oние нивни врсници, кои се излежуваат на каучот, зјапаат во телевизорот и јадат чипс, соопштија научниците.

За мажите од оваа возрасна група, дури и малку редовни вежби – независно од интензитетот – се  корисни како што е откажувањето од пушењето, велат тие.

Докази за тоа дава долготрајно истражување, направено во Норвешка и наречено “Истражувањето од Осло” (Oslo Study).

Со пешачење против болестите

Loading...

Лекарите следеле илјадници мажи, родени меѓу 1923 година и 1932 година, кои се во добра општа здравствена состојба и давале доброволно информации за начинот на живот и физичката активност.

Иницијативата започнала кон крајот на 1972 и почетокот на 1973 година и првично опфаќале речиси 15 илјади мажи.

Во 2000 година, студијата се повторува во истата група, од која се живи 12 700 луѓе. Од нив 5700 не биле во можност или не сакале да продолжат учеството во истражувањето. До 2011 година смртта ја намалила групата на малку под 3600 лица.

Истражувачите трагале по влијанието на редовните физички вежби во периодот 2000-2011 година, кога доброволците биле на возраст од околу седумдесет или осумдесет.

“Намалувањето на смртноста за 40% е поврзана со користење на дел од времето (30 минути, шест дена во неделата), независно од тоа дали активностите биле благи или сериозни”, наведува истражувањето.

Меѓу оние кои извршиле енергични физички вежби, определени како напорни вежби неколку пати неделно – траењето на животот е со околу пет години повеќе отколку кај оние кои се воделе седечки начин на живот.

Со вежбање спречете го отекувањето на нозете

Студијата, предводена од професор Ингар Холм, (Norwegian School of Sports Sciences), е објавена во електронското издание на британскиот весник Sports Medicine (Спортска медицина).

Волонтерите кои учествувале во студијата, по рестартирањето во 2000 година, биле најпознатите долгорочно преживеани од првичната група која потенцијално дала повеќе неточни податоци.

Но, дури и кога тоа се зема предвид, придобивките од редовно вежбање се јасни, објавија авторите.

“На физичката активност треба да биде дадена иста мера на важност за јавното здравје во староста, како на пушењето”, велат истражувачите.