Физичка пресметка во угостителски објект во Куманово, оштетен и инвентар

Сподели со своите пријатели

Осуманесетгодишник од липковското село Слупчане вчера пријавил дека бил физички нападнат од четири лица во угостителски објект во Куманово.

Loading...

– На 12.05.2022 година во 21.00 часот во СВР Куманово Н.М.(18) од село Слупчане,липковско пријавил дека во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово бил физички нападнат од Ф.О. и уште три лица, при што оштетиле и дел од инвентарот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски