Фирма од Куманово фатена во царинска измама со говедска кожа

Сподели со своите пријатели

Службата за надзор на иматели на одобренија при царинарница Куманово откри еден обид за пуштање во слободен промет на стока увезена заради облагородување, без претходно да бидат платени увозни давачки, јавува Царинска Управа во неделниот извештај за заплени и откриени измами.

Loading...

При теренска контрола на фирма од Куманово, имател на одобрение за увоз за облагородување, во магацинот за основен и помошен материјал откриен е недостаток од 377,23 метри квадратни говедска кожа со вредност од околу 474 илјади денари, што претходно биле привремено увезени со 5 царински декларации.

Имателот на одобрение за увоз за облагородување доставил изјава со која не се согласува со наодот од извршената контрола, давајќи објаснување дека наведената количина на говедска кожа е употребена во производство на готови чевли, за чие производство била испратена оштетена кожа, но не доставил документи за идентификација на кожата, документи за издавање на количината од 377,23 м2 говедска кожа и докази во кои артикли е употребена истата, поради што забелешките не се прифатени и се смета дека стоката е пуштена во слободен промет без плаќање на увозни давачки.

Согласно Царинскиот закон, за констатираните неправилности ќе биде изготвен Записник за царински прекршок за правното лице и за одговорното лице во правното лице, Записник за царински прекршок за стоката која не е пронајдена во магацинот за основен и помошен материјал, како и  предлози за дополнително евидентирање во сметководствена евиденција на избегнатите увозни давачки во износ од околу 158 илјади денари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.