Финската премиерка во центар на нов скандал

Сподели со своите пријатели

Финската премиерка Сана Марин се извини за контроверзните фотографии направени во нејзината резиденција, помалку од една недела откако видеата од забавата на која присуствуваше предизвикаа низа критики.

Loading...

„Мислам дека сликата не е соодветна, се извинувам поради тоа. Таква слика не требаше да се направи“, изјави Марин за новинарите во Хелсинки.

Таа истакна дека во тоа време во резиденцијата имала „пријатели“ кои „се дружеле“ и „оделе во сауна“.

Фотографијата првпат беше објавена на профил на ТикТок од поранешната натпреварувачка за Мис Финска и инфлуенсерка Сабина Сарка, која исто така се појавува на фотографијата.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приземјени сите авиони на позната авиокомпанија

 

Во уводникот на најголемиот весник во земјата, Хелсингин Саномат, се наведува дека Марин изгледа како „надвор од контрола“ и дека повеќе слики и видеа од нејзиниот приватен живот би можеле да завршат во јавниот домен.

Loading...

Марин минатата недела се најде на насловните страници низ светот кога се појави видео на кое се гледа како таа танцува и се забавува со група пријатели и познати личности.

На видеото премиерката танцува и пее, додека во позадина се слуша како зборуваат за кокаин, пренесуваат финските медиуми.

Во петокот направила тест за дрога за да ги „отфрли сомнежите“.

„Тестот не откри присуство на наркотици“, соопштија од кабинетот на премиерката, додавајќи дека резултатите се потпишани од лекар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАНАДА: Шестмина уапсени за најголемата кражба во историјата на земјата

Танцот на Марин во видеото некои го критикуваа како непримерно однесување, а други го бранеа нејзиното право да ужива со пријателите.

 

Финска има „најкул“ премиерка (ВИДЕО)

 

Loading...

Солидарност на мрежите

Досега ја имаше поддршката од нејзината партија, а Анти Линдтман, шеф на пратеничката група на Социјалдемократската партија, за медиумите изјави дека „не гледа некој голем проблем во танцувањето на приватен настан со пријателите“.

По критиките за видеата, голем број луѓе се солидаризираа со финската премиерка и на социјалните мрежи објавија видеа од танцот, меѓу кои и германски политичари.

Хана Нојман, европратеничка од Партијата на зелените, објави видео на кое се гледа како танцува со уште тројца колеги на конференцијата на партијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПУКАЊЕ ВО САД: Напаѓачи на скутери отворија оган. Еден загинат, тројца ранети (ВИДЕО)

„Храбрите девојки одат во рајот, оние што се нишаат одат насекаде“, напиша Нојман, а со неа, како што објаснува, се и министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, Франциска Брантнер, сега собраниски државен секретар во Сојузното министерство за економија, и Луиз Амцберг, актуелен комесар за човекови права.