Финска: Можна руска кампања против членството во НАТО

Сподели со своите пријатели

Хелсинки очекува соседна Русија да започне кампања за дезинформација во наредните месеци со цел да влијае на дебатата во Финска за влез во НАТО, соопшти денеска финската служба за безбедност.

Loading...

Разузнавачката служба Супо во последната проценка наведе дека „јасното влијание на Русија и нелегалните разузнавачки операции“ се меѓу главните закани за националната безбедност на Финска, пренесува Ројтерс.

 

Русија ги протерува амбасадорите на балтичките земји

 

„Финското општество како целина треба да биде подготвено за различни мерки со кои Русија сака да влијае на креирање политика во Финска за прашањето на НАТО“, рече директорот на Супо, Анти Пелтари во изјавата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Поради воените вежби на НАТО во Финска зголемен ризик од потенцијални воени инциденти

Тој исто така рече дека финските власти мора да обезбедат услови за целосна и фер дебата без заплашување, како и да спречат евентуално надворешно влијание врз одлуките за безбедносната политика што ги носи Финска.

 

Loading...

Русија ги протерува амбасадорите на балтичките земји

 

Анкетите покажуваат дека подготвеноста на Финска да се приклучи кон Северноатлантската алијанса е зголемена по руската инвазија на Украина и тоа за првпат укажува дека мнозинството е за членство во НАТО, наведува Ројтерс.