Финале: КК Куманово вечерва го игра првиот меч за титулата

Сподели со своите пријатели

Со почеток во 18 часот вечерва на гостински терен во Спортската сала „Јане Сандански“ изабраниците на Марјан Србиновски ќе се сретнат со минатогодишниот шамопион МЗТ.

Втора година по ред овие две екипи ќе го играат финалниот меч, откако КК Куманово ги совлада кошаркарите на Карпош Соколи во недела.

Организаторот најави дека вратите на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат отворени и за домашната и за гостинската публика, но забрани гостување на навивачката група Кумани. Сепак кумановци организирано со приватни возила масовно ќе заминат да го проследат првиот финален натпревар од домашната лига.